Приватен колеџ во Велика Британија ќе ги започне своите први часови користејќи вештачка интелигенција наместо наставници.
Колеџот Дејвид Гејм во Лондон нуди алтернативна програма за дипломи за 20 студенти ГСЦЕ (General Certificate of Secondary Education) почнувајќи од овој месец.
Училница на Дејвид Гејм Колеџот е прва во Велика Британија каде 20 студенти ГСЦЕ ќе бидат подучени од вештачка интелигенција наместо од човечки наставници.
ГСЦЕ се општи испити што ги полагаат сите 16-годишни студенти во Обединетото Кралство.
„Се обидуваме да користиме ВИ во клучните предмети од ГСЦЕ. Три наука се, математика, англиски и компјутерски науки, а можеби и географија“, вели Џон Далтон, соработник на директорот на колеџот Дејвид Гејм.
Платформите ги учат силните и слабите страни на секој ученик и потоа соодветно на нив ги прилагодуваат лекциите.
Посилните теми се преместени на крајот на семестарот за да може да се ревидираат, додека послабите области ќе се решаваат веднаш. Тоа значи дека планот за час на секој ученик е прилагоден на него.
„Има многу одлични наставници и имаме многу од нив овде на колеџот, но сите грешиме. Ако навистина сакате да знаете точно зошто детето не учи, мислам дека системите за вештачка интелигенција можат поефикасно да го одредат тоа“, вели Далтон.
ГСЦЕ студентите ја тестираа новата технологија.
„Наставниците не знаат точно за што не сум способен и што можам да направам, а вештачката интелигенција може да разбере во што сум слаб и кои се моите силни страни, врз основа на само неколку прашања“, вели студентот Мајкл.
Иако нема наставници во училницата, тројца асистенти ќе помогнат во однесувањето и другите предмети со кои вештачката интелигенција би можела да има проблеми.
„ Асистентите во наставата не поддучуваат предмети, но ги покриваме основните вештини како што се јавно говорење, дебатирање и важните лични аспекти на личноста што навистина сакате да ги истакнете и развиете, претворајќи ги младите во млади возрасни лица“, вели Александар Ванситарт, асистент на наставана Дејвид Гејм Колеџот.
Но некои велат дека отстранувањето на наставниците ќе им наштети на учениците на долг рок.
Крис Мекговерн беше директор и советник на британската влада за образование.
Сега тој се бори против овој нов вид на образовен стил.
„Децата ќе изгубат многу со ова искуство со вештачка интелигенција. Тие треба да имаат наставници. Тие треба да комуницираат со другите деца. И тоа е фундаментално. Проблемот со вештачката интелигенција на компјутерскиот екран е што е машина и е инертен. Така веднаш го дехуманизирате процесот на учење. Иднината само со вештачка интелигенција е бездушна и мрачна“, вели тој.
Минатата недела, британската влада објави нов проект за да им помогне на наставниците попрецизно да ја користат вештачка интелигенција.
Банката на анонимизирани планови за лекции и наставни планови и програми сега ќе се користи за обука на различни образовни модели на вештачка интелигенција, кои потоа ќе им помагаат на наставниците во оценувањето на домашните задачи и планирањето на часовите.