Технолошките компании отпуштија околу 120.000 работници во 2022 година поради забавување на растот, зголемување на каматните стапки и стравувања од рецесија.
Бранот продолжи во јануари, а Амазон објави дека планира да отпушти 18.000 луѓе. Мајкрософт и Сејлсфорс објавија дека ќе отпуштат 10.000 односно 7.000 работници. Во меѓувреме, Гугл соопшти дека ќе отпушти 12.000 вработени на глобално ниво.
Намалувањата се и поради преголемото вработување на почетокот на пандемијата, во услови на пораст на побарувачката за нивните производи, што потоа се смени.
Гај Мајклс вонреден професор на Лондонската школа за економија и политички науки има свое видување за причините за овие случувања.
„Прво, технолошкиот сектор работеше добро неколку години. И за време на пандемијата, повеќе луѓе работеа од дома, што исто така имаше корист од некои фирми. Така, нивните цени на акциите се зголемија и тие најмија работници, купија други фирми и преземаа поризични инвестиции„ изјави Мајклс.
Но со намалувањето на притисокот од пандемијата и почетокот на војна во Украина, се зголемија цените на суровините, а особено енергијата. Повисоките каматни стапки за да ја зауздаат инфлацијата ги зголемија трошоците за позајмување и ги одложија инвестициите во стартап и проектите на долг рок.
„Значи, повисоките каматни стапки влијаат на нив понегативно од фирмите кои веќе остваруваат профит. Како резултат на тоа, зголемувањето на каматните стапки што го гледаме може да ја намали вредноста на технолошките фирми повеќе од онаа на другите фирми“, рече Мајклс.
Тој смета дека зголемувањето на каматните стапки, кое е потребно за борба против зголемената инфлација, ја намалува побарувачката во економијата пошироко, а тоа влијае на технолошките фирми заедно со повеќето други фирми.
Федералните резерви на САД ја зголемија својата референтна каматна стапка за 25 базични поени, што е осмо зголемување од март 2022 година. Поради тоа федералните средства се во опсег од 4,5% до 4,75%.
Мајклс истакна дека целокупното забавување на економската активност и стравувањата од рецесија ја намалија побарувачката за услуги што ги обезбедуваат технолошките фирми, што ги натера да вршат помалку профитабилни активности и да отпуштаат работници.
Улогата на инвеститорите
За различните решенија кои компаниите можат да ги бараат за надминување на економската криза наместо да отпуштаат персонал, професорот ја истакна улогата на инвеститорите.
„Мислам дека дел од притисокот врз технолошките фирми доаѓа од инвеститорите, кои се загрижени за падот на цените на нивните берзи. Фирмите кои гледаат напред не мора да одговорат со отпуштање работници, но честопати се под притисок да ги намалат трошоците, така што отпуштањата се вообичаен одговор. Но, не сите технолошки фирми направија масовни отпуштања“, рече тој.
Ефект врз продавачите
За можноста отпуштањата да се прошират на другите индустрии, тој рече дека тоа негативно ќе влијае на добавувачите на технолошките компании.
„Намалената економска активност во технолошките фирми може негативно да влијае на нивните добавувачи. Особено на оние кои се специјализирани да им продаваат“, рече Мајклс.
Тој смета дека економијата пошироко може да биде негативно погодена ако отпуштените технолошки работници или дури и некои кои сè уште се вработени се повнимателни во трошењето. Но рецесијата засега се лини дека не е особено тешка.