Бурекот, питата, баничката, се производи со долга радиција на овие простори / Photo: ТРТ Балкан

На колкумина од вас денот им започнува со вкусна пита или бурек? Со месо, со сирење, со спанаќ, со праз. Комбиниран со јогурт или ајран.

На овие простори пекарските производи имаат долга традиција. Ги јадат сите генерации. И млади и стари. Но прашање е дали за десетина, петнаесет години од сега ќе има кој да ни прави вкусен бурек. Пекарскиот занает е тежок. И се помал е интересот кај младите да го работат.

Абдурахим Ештрефи од Скопје е дел од од последните генерации македонски бурекџии. Речиси 45 години ги прави едни од највкусните пити, буреци,банички, ѓевреци. Пекарскиот занает три години го изучувал во стручно училиште, а потоа и во објектот во кој работи уште од 1980 година. Фамилијарниот бизнис го работи со неговиот брат.

“Малку е тежок занает овој. Но е профитабилен занает. (55-59) Јас станувам 45 години во три, во четири. Не е лесно”, вели Ештрефи.

Машините денеска го олеснуваат производството. Платите во оваа индустрија растат, но новите генерации не се гледаат себеси како бурекџии.

“Овој занает е стар. Пред мене исто така учеле деца, но сега нема интерес за занаетот. Значи не сакаат да учат. Имам синови, имам внуци, не сака никој да учи. Најубавите бурекџии заминаа во сранство. Сите мои колеги, пријатели сите во странство се. Порано немавме ни машини ни ништо. Јас се сеќавам рачно сум месел. Ама многу тешко е рачно да се меси. Сега има и машини и фрижидери и се има. Треба да го знаеш рецептот, тоа е. Треба да го учиш”, вели Ештрефи.

Податоците од стопанската комора од 2023 велат дека просечната возраст во пекарската индустрија во државата е 57 години. Постојат програми за обука но анализите покажуваат дека 82 роценти од компаниите имале потешкотии да обезбедат стручен кадар.

TRT Balkan
Популарни