Во срцето на Призрен, Косово, постои уникатно кафуле познато по името Газа. Основано е пред една деценија, но целта на неговото постоење не е само да се служи пијалак, туку е простор посветен на подигање на свеста за окупацијата на Палестина и страдањата на луѓето во Газа.
По влегувањето, можете да видите мали знамиња на Палестина, палестински симболи на отпорот како како лубеница, зелени црвено-бели и црни бои... Дури и лозинката за Wifi во ова кафуле е во знакот на Газа. Таа е напишана на неколку места - FreeGaza. Инспириран од визијата на неговиот татко, Халид Јонузи, основачот на кафулето Газа објаснува за историјата на кафулето, но и за тоа како актуелната војна во Газа била причина локалните жители да разберат повеќе за оваа повеќедецениска историја.
„Повеќето луѓе, кои не не познаваат, мислат дека сега сме почнале со ова име. Овде поминаа 10 години, 10 години работа, пот, но сега војната стана причина да стане 'поголема' и Албанците сфатија дека туристите отсекогаш знаеле (за што се залага Газа)“, вели Халид за ТРТ Балкан.
Објаснува дека идејата за името на кафулето дошла од татко му, а дека тој без двоумење се согласил.
Важност на каузата
За Халид, важноста на каузата се зголемува со секоја измината година. Особено со сегашната војна што се одвива во Газа. Но, се започна по отворањето на локалот.
„Неправдите од 70-80 години, како да бидам гласот на овие угнетени луѓе пред очите на светот, особено со последната војна. Како што минуваат годините, каузата расте, бидејќи не можам да направам нешто, барем нека им се слушне гласот“, вели Халид.
Неодамнешното зголемување на посетителите на кафулето е нешто што не беше вообичаено за ова кафуле. Нејзиниот сопственик вели дека неколку пати во текот на годините немало никаков профит од локалот, но овој пресврт се случил особено по ескалацијата на конфликтот во Газа. Иако тој признава дека личниот и финансискиот раст на неговиот локал дојде од војната во Газа, а сите негови поддржувачи доаѓаат во клубот неодамна, тој останува фокусиран на својата поголема цел: да ја прошири својата форма на поддршка на Газа и Палестинците.
„После секоја борба има благослов, нека Господ им помогне на луѓето од Газа“, посакува Халид.