Прва група муслимански верници од Северна Македонија замина на аџилак

Прва група муслимански верници од Северна Македонија замина на аџилак

Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 од вкупно 919 аџии
Отпатува првата група на аџии     Фото: AA

Првата група верници од Северна Македонија замина кон светите места, за да го исполни еден од петте услови на исламот - аџилакот.

Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 од вкупно 919 аџии.

На аеродромот присутен беше и поглаварот на Исламската верска заедница во Северна Македонија (ИВЗ), Шаќир Фетаху, кој истакна дека првата група верници кои патуваат кон светите места се состои од 180 аџии, и дека сите работи се спроведуваат според планираното.

Шаќир Фетаху поглавар на ИВЗ     Фото: AA

„Јас дојдов до аеродромот, дури влегов и во авионот за уште еднаш да ги поздравам аџиите, замолувајќи семоќниот Алах да имаат среќен пат, да им даде здравје, непоколеблива волја, силна верба со цел успешно да ги извршат сите обврски на аџилакот, и се надевам дека ќе се вратат со прифатен аџилак (од Бога)“, рече Фетаху.

Тој нагласи дека има повеќе групи на верници кои ќе патуваат за аџилак, вклучувајќи ги и тие кои ќе тргнат на 29 и 30 јуни.

„Оваа година имаме 919 аџии. Жал ми е што и голем број кандидати за аџилак не ќе можат да го реализираат аџилакот. Можам да кажам стотици останаа без да патуваат поради тоа што квотата на визите беше толкава“, нагласи тој.

Аџиите емотивно се поздравија со членовите на нивните семејства на аеродромот.

Аџиите од првата група беа од регионите под јурисдикција на Гостиварското муфтиство, меѓу кои беше и 60-годишниот Ахмет Зендели, имам во џамијата во гостиварското село Форино, кој рече дека е задоволен од подготовките реализирани од страна на Муфтиството.

„Задоволни сме што Бог ни овозможи да одиме и го ослободи [патот кон] аџилакот откако беше блокиран пред две години“, рече Зендели, посакувајќи здравје за сите.

Според податоците на ИВЗ, предвидено е аџиите од Северна Македонија да се вратат во земјата во неколку групи на 21, 22 и 25 јули.

AA
Популарни