Ученичка во осмо одделение во училиште во Масачусетс во САД доби казна поради носење хиџаб, а директорката на училиштето нејзиниот чин го опиша како погрешен.

Член на семејството на ученичката во „Mystic Valley Regional“, чартер-училиште објави на социјални мрежи фотографија „Образец за усогласонеста на училишната униформа“ кој ученичката го добила од учителката поради тоа што носела хиџаб. Во описот на прекршокот, зборот за марамата (хиџабот) која ја носат муслиманките, погрешно е напишана како „jihab".

Училиштето во соопштение испратено преку е-мејл рече дека им дозволува на учениците да носат верска облека „како израз на своите искрени уверувања“ но бара од учениците да достават писмо „во кое член на нивна верска институција ја изразува таа желба“.

Училишниот надзорник Алекс Дан рече дека ученичката не сносела никакви последици и дека образецот испратен дома требал да започне разговор со семејството за добивање на верско домување. Но Дан призна дека ситуацијата била погрешно решена.

„Иако би сакале да повториме дека ценетиот член на персоналот кој го набљудува процесот не би требал да сноси одговорност за она што се случило, разбираме дека нашето постапување со состојбата делуваше нечувствително и се радуваме што ќе го искористиме овој момент како можност за учење и да ги подобриме нашите политики и процедури“, се наведува во соопштението на училиштето.

Извршната директорка на CAIR-Massachusetts, Тахира Аматул-Вадуд рече дека носењето верска облека не би требало да бара од семејството да бараат сместување.

„Би сакала таа ученичка никогаш да не мора да се правда поради тоа што носи“, рече Аматул-Вадуд.

Училиштето одамна е предмет на критики

Регионалното училиште „Mystic Valley Regional“ исто така беше предмет на критики во 2017 година, поради мерки на забрана за екстензии за плетенки.

Родителите тогаш на 15-годишно девојче рекоа дека нивните ќерки близначки, кои се со црна боја на кожата, казнети се поради носење плетенки, додека белите ученички не се казнети поради кршење на прописите за фризурата.

По жестоките критики, вклучувјаќи ги и оние на државата обвинителка во демократска држава Масачусетс , училиштето се откажа од тие мерки.

Во јули републиканскиот гувернер Чарли Бекер потпиша закон поттикнат од тој инцидент со кој се забранува дискриминација врз основа на природни и заштитни фризури - како што се афрофризурите, кукурек и слично - на работни места, во училишна околина и училишните организации во државата.

TRT Balkan
Популарни