Се повеќе се користат апликациите и уредите за споделување и следење локација меѓу родителите / Фото: TRT Balkan

Страв од киднапирање, контакт со злонамерни лица, губење во непознати места или во природа се најчестите причини поради кои родителите се повеќе сакаат да ја следат локацијата на нивните деца преку паметните уреди.

Од една страна е правото на приватност и независност на секоја личност, а од другата родителската загриженост и желбата да се заштити сопственото дете.

На што и да се одлучите, која и апликација или уред да ги користите најпрво мора да имате однос на доверба со вашето дете. Дека следењето ќе биде само за итни ситуации, дека нема да ја злоупотребите нивната приватност бидејќи во спротивно тие може да го исклучат телефонот или уредот за следење.

За корисниците на Android

Активирајте ја апликацијата Family Link, и вклучете ја опцијата за споделување на локацијата преку GPS. Истата функционира и со повеќе уреди за секое дете кое има соодветен уред.

Самиот систем има опција за родителски надзор на апликациите и пристапот до содржини кои ги има детето. Детето може да ја користи услугата за споделување на локацијата преку Google Maps со родителите преку Familiy Group опцијата.

Внимавајте да ја одберете опцијата за висока прецизност за утврдување на локацијата. Може да додавате и маркери на локации, како на пример вашиот дом, училиштето, местата кои често ги посетува и други важни адреси.

Корисна алатка е и известувањето за промена на локација кое го добивате на пример кога детето ќе пристигне на училиште или се враќа дома.

За корисниците на iPhone

Постапката е слична и за корисниците на iPhone преку апликацијата „Find My“ во делот поставки одберете го уредот и името на корисникот и одберете споделување на локацијата.

Членовите на семејството кои имаат пристап до оваа апликација може да ја видат локацијата, статусот на уредот, дали е онлајн или офлајн, да вклучат аларм на уредот за негово лоцирање, да го обележат уредот за изгубен и далечински да го заклучат доколку претходно е поставен паскод за влез.

GPS тракери и тагови

Новите GPS тракери и тагови беа креирани со цел да ги лоцирате вашите предмети. Пример се закачуваат на паричник, приврзок за клучеви, ранци и слично.

Но, се повеќе се користат за следење и лоцирање на деца или миленичиња.

Препораката е да се користат тракери и тагови кои работат на GPS сигнал, а не се потпираат само на Bluetooth конекција со примарниот уред како што е смартфон, таблет или лаптоп.

Најдобро е се сокријат во дел од облека, на пример јакна или обувки, кои најчесто ги носат децата, во училишните ранци и да бидат прикриени. Во тој случај тракерот ќе дава GPS сигнал дури и во случај примарниот уред да биде фрлен, исклучен или уништен.

TRT Balkan
Популарни