Расинг ја победи Бока Јуниорс со 2-1          Фото: АП архива

Судиите имаа многу работа доделувајќи дури 10 црвени картони на неделното финале на аргентинскиот локален фудбалски куп за време на пресметката меѓу клубовите на Бока Јуниорс и Расинг.

Расинг клуб го победи овогодинешниот шампион на аргентинската лига и домашниот куп, Бока Јуниорс со 2-1 по продолженијата.

Играчот од средниот ред Карлос Алкараз го постигна победничкиот гол за Расинг во 117 минута со што му го донесе на својот клуб Трофео де Кампеонес (Трофејот на шампионите) за 2022 година.

Но, прославата на голот на Расинг предизвика тепачка по што седум црвени картони им беа покажани на играчите на Бока Јуниорс, а останатите три за Расинг од страна на судијата на Светскиот куп на ФИФА, Факундо Тељо.

Тело (40) е меѓу судиите кои ќе судат на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Себастијан Виља, Алан Варела, Луис Адвинкула, Карлос Замбрано, Диего Гонзалес, Франк Фабра и Дарио Бенедето беа исклучените играчи на Бока.

Црвени картони добија фудбалерите на Расинг Клуб, Јохан Карбонеро, победничкиот голгетер Алкараз и Џонатан Галван.

Поголемиот дел од играчите беа исклучени поради масовната пресметка.

TRT Balkan / агенции
Популарни