Светската фудбалска федерација (ФИФА) за првпат избра Палестинка да суди на претстојните фудбалски натпревари на Светското првенство за жени.
Палестинската новинска и информативна агенција (WAFA) објави дека Хеба Саадиа ќе суди на Светското првенство за жени во фудбал во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август 2023 година.
Деветтото по ред Светско првенство за жени кое го организираат Австралија и Нов Зеланд, е прво во чија организација учествуваат двете земји и прво на кое ќе настапат 32 репрезентации.
TRT Balkan / агенции