Египет е најуспешниот тим на АФЦОН, со седум титули, последната во 2010 година / Photo: AA

Одложениот Африкански куп на нации (АФЦОН 2023) ќе започне во сабота, а домаќинот Брегот на Слоновата Коска ќе се соочи со Гвинеја-Бисао на отворањето на турнирот.

Еден од најдобрите тимови на континентот, Брегот на Слоновата Коска, кој го освојуваше Купот во 1992 и 2015 година, ќе го отвори првенството на стадионот Аласане Уатара во Абиџан со капацитет од 60.000 луѓе.

34. Африкански куп на нации ќе заврши со последната пресметка на 11 февруари во Абиџан.

Осминафиналето ќе започне на 27 јануари, а четвртфиналната и полуфиналната фаза се предвидени да почнат на 2. и 7. февруари.

Египет е најуспешниот тим на АФЦОН, со седум титули, последната во 2010 година.

„Фараоните“ го освоија трофејот трипати на домашен терен (1959, 1986 и 2006 година).

Фудбалерите на Египет се единствените во Африка кои трипати последователно го освоиле Купот и тоа во 2006, 2008 и 2010 година.

Камерун е втор најуспешен тим со пет титули, следен од Гана со четири, Нигерија со три и Брегот на Слоновата Коска, Алжир и Демократска Република Конго со по две.

Сенегал предводен од Садио Мане е бранител на титулата откако го победи Египет со 4-2 на пенали во финалето во 2021 година што се одржа во главниот град на Камерун, Јаунде.

Тоа беше прва титула за Сенегал.

Основано во 1957 година, АФЦОН е главното меѓународно фудбалско натпреварување во Африка.

Африканските фудбалски власти претходно го одложија Купот за 2024 година поради неповолните временски услови во Брегот на Слоновата Коска.

Турнирот ќе вклучува шест групи со по четири тима, а првите две репрезентации во секоја група автоматски ќе се пласираат во осминафиналето.

Покрај тоа, четирите најдобро рангирани третопласирани нации ќе им се придружат во првата нокаут фаза.

Групи на Африканскиот куп на нации 2023 година:

Група А: Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Екваторијална Гвинеја и Гвинеја-Бисао

Група Б: Египет, Гана, Зеленортските Острови и Мозамбик

Група Ц: Сенегал, Камерун, Гвинеја и Гамбија

Група Д: Алжир, Буркина Фасо, Мавританија и Ангола

Група Е: Тунис, Мали, Јужна Африка и Намибија

Група Ф: Мароко, ДР Конго, Замбија и Танзанија

TRT Balkan / агенции
Популарни