Јамал најмлад стрелец во историјата на големите турнири / Photo: Reuters

Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства.

На вечерашниот натпревар против Франција во полуфиналето на Евро 2024 година Јамал во 21. минута го израмни резултатот на 1:1.

Шеснаесетгодишниот играч од средниот ред го собори рекордот на Пеле, кој на 17 години постигна гол за Бразил на Светско првенство.

Претходно Јамал стана најмладиот играч во историјата на полуфиналето на големите турнири, соборувајќи го и рекордот на Бразилецот.

На полувреме Шпанија води со 2:1, иако Французите први дојдоа во водство.

TRT Balkan / агенции
Популарни