Фудбалската репрезентација на Англија е најскапата селекција која ќе настапи на Светското првенство во Катар. Проценетата вредност на играчите на „гордиот Албион“ е 1,26 милијарди евра, според „Трансфермаркт“.
Втора на листата е селекцијата на Бразил која вреди 1,14 милијарди евра, а трета Франција со 1,03 милијарди евра. Првите десет репрезентации според вредноста ги комплетираат Португалија (937 милиони евра), Шпанија (902 милиони евра), Германија (885,5 милиони евра), Аргентина (633,2 милиони евра), Холандија (587,25 милиони евра), Белгија (563,2 милиони евра) и Уругвај (449,7 милиони евра).
Хрватска е 11-та со 377 милиони евра, додека селекцијата на Србија е 12-та највредна репрезентација на Мундијалот. „Трансфермаркт“ тврди дека 26 српски репрезентативци вредат 359,50 милиони евра.
На последното место, на 32. место е селекцијата на Катар, која вреди 14,9 милиони евра.
Од репрезентациите кои не се пласираа на СП, најскапа е Италија чија вредност е 640,5 милиони евра.
Најскап играч на Мундијалот е Французинот Килијан Мбапе. „Трансфермаркт“ проценува дека вреди 160 милиони евра. Втор е Бразилецот Винисиус Јуниор чија вредност е 120 милиони евра, додека трет е Англичанецот Фил Фоден кој чини 110 милиони евра.