Фудбалската репрезентација на Аргентина е новиот светски фудбалски шампион откако ја победи репрезентацијата на Франција во финалето од Светското првенство 2022 во Катар, кое се играше на стадионот „Луисал“.
Селекцијата на Аргентина уште од самиот почеток почна да прави притисок на голот на Франција, што вроди со плод во 21 минута. Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија по левата страна успеа да го надмудри Французот Дембеле, кој во шеснаестерецот го собори Аргентинецот, по што судијата досуди удар од белата точка.
Пеналот го изведе Меси и совладувајќи го Лорис, во 23 минута ѝ донесе водство на Аргентина од 1:0.
По постигнатиот погодок Аргентина продолжи со својата атрактивна игра. Во една акција по десната страна, Меси атрактивно му подаде на Мекалистер, а тој од прва ја префрли топката до Ди Марија кој беше во налет по левата страна. Францускиот голман се испружи со сета своја должина за го затвори просторот за шут на Аргентинецот, но Ди Марија, при усепа да ја затресе мрежата за водство на Аргентина од 2:0 во 36 минута.
По вториот гол на Аргентина, тренерот на Франција Дидиер Дешамп во 41 минута направи двојна замена. На местата на Дембеле и Жиру влегоа Рандал Коло Муани и Маркус Турам кои донесоа малку живост во играта на Франција, но актуелниот светски шампион не успеа да го смени резултатот, па на полувреме се замина со водство на Аргентина од 2:0.
И второто полувреме Аргентина го почна со атрактивна игра, правејќи притисок на голот на Лорис. Аргентина имаше многу атрактивни акции, но не успеваат да ја затресат мрежата на Франција. Статистички гледано, Франција до 67 минута од играта немаше упатено ниту еден удар кон противничкиот гол. Килијан Мбапе својот прв удар кон голот на Аргентина го упати во 71 минута од натпреварот.
Во продолжението на натпревдарот, по еден напад на Франција по левата страна, Коло Муани беше соборен од Отаменди во шеснаестерецот, а судијата во 79 минута досуди најстрога пазна. Килијан Мбапе го изведе пеналот и го совлада голманот Мартинез, намалувајќи го во 80 минута водството на Аргентина на 2:1.
Со овој гол Мбапе стана најмладиот фудбалер кој на светските првенства постигнал 10 гола (23 години и 363 дена), надминувајќи го германскиот интернационалец Герд Милер (24 години и 226 дена).
Само што Аргентина тргна од центарот, Куман му ја одзеде топката на Меси на средината од теренот. Туран упати топка до Мбапе, а тој со волеј ја погоди мрежата на Мартинез за изедначување на резултатот на 2:2.
Изминаа само 97 секунди меѓу двата погодоци на Мбапе.
Франција понесена од изедначувањето на резултатот, продолжи со нападите на аргентинскиот гол, но до крајот на регуларниот тек и судиското продолжени на средбата, резултатот остана непроменет 2:2 и се замина на одигрување на две продолженија од по 15 минути.
Во првото продолжение и Аргентина и Франција имаа неколку изгледни можности, но првите 15 минути завршија без постигнат погодок.
Вторите 15 минути од продолжението на натпреварот Аргентина - Франција започнаа со гол на Аргентина. По ударот кон францускиот гол, голман Лорис го одбрани голот, но топката дојде до Меси кој во 108 минута и донесе водство на Аргентина од 3:2.
И додека навивачите на Аргентина се радуваа на водството на нивните миленици, Мбапе од левата страна на шеснаестерецот на Аргентина упати удар кон Мартинез, а топката Аргентинецот Монтиел го погоди во лактот. Судијата беше во близна и веднаш покажа на белата точка. Мбапе беше прецизен и во 118 минута го изедначи резултатот на 3:3, постигнувајќи хек-трик.
И покрај многуте изгледни шанси од двете страни во преостанатите минути, резултатот не се смени и се премина на изведување на ударите од белата точка.
Мбапе постигна гол за водство на Франција од 1:0 во изведувањето на пеналите. Меси изедначи на 1:1.
По голот на Меси на сцената настапи аргентинскиот голман Мартинез кој ги одбрани два удари на француските репрезентативци, а Аргентинците продолжија успешно да ги изведуваат пеналите. Монтиел успешно го изведе четгвртиот удар од белата точка со што конечниот резултат по изведувањето на пенали беше 4:2 и Аргентина стана новиот светски шампон на првенството Катар 2022.
За Аргентина ова е трета титула на светски шампион, по титулите освоени на светските првенства во 1978 година и1986 година.
18 дек 2022
Аргентина го освои фудбалското СП 2022 во Катар
Стрелци за Аргентина во регуларниот тек на натпреварот беа Лионел Меси (23., 109.) и Анхел Ди Мариа (36.), додека стрелец на трите гола за Франција беше Килијан Мбапе (80., 81., 118.)
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
УЕФА ѝ ја додели победата на Романија во прекинатиот меч против Косово
УЕФА го казни КФС со 6.000 евра поради недолично однесување на фудбалерите на натпреварот против Романија, а РФФ е казнета со 128.000 евра поради повеќе обвинувања, вклучително и едно за дискриминаторско и несоодветно однесување на фудбалерите
Лига на нации: Реми на Хрватска и Португалија, без голови Србија-Данска
По вечерашните натпревари познати се патниците во четвртфиналето на Лигата на нации- Шпанија, Германија, Португалија и Франција како победници во групите ја освоија позицијата на носители, додека неносители се Хрватска, Италија, Холандија и Данска
Што друго би сакале да знаете?
Популарни