Во јуни, организаторите изјавија дека беше рекордна побарувачката за влезниците во момент кога се продадени 1,2 милиони.     Фото: Getty Images

Водечкото тело на светскиот фудбал, ФИФА, соопшти дека во периодот помеѓу 5 јули и 16 август се продадени 520.532 влезници за Светско фудбалско првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември оваа година.

Земјите чии жителите купувале најмногу влезници се Катар, САД, Англија, Саудиска Арабија, Мексико, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Аргентина, Бразил и Германија.

ФИФА наведе дека најпопуларни за продажба биле влезниците за натпреварите на Бразил во групната фаза против Камерун и Србија, натпреварот Португалија со Уругвај, мечот Костарика против Германија како и дуелот меѓу Австралија и Данска.

До јуни беа продадени 1,2 милиони влезници и уште тогаш организаторите изјавија дека се соочуваат со рекордна побарувачката за влезници.

Таа бројка сега стана двојно поголема, со вкупна продажба на влезници, вклучувајќи ги оние кои одат за партнерите на ФИФА, за сојузниците, како и за пошироката јавност.

Севкупно се достапни 3.010.679 влезници, а ФИФА соопшти дека ќе организира и „last minute“ (последна минута) продажба на карти во пресрет на почетокот на првенството.

Заливската држава Катар е организатор на првото Светско фудбалско првенство на Блискиот Исток.

Организаторите минатата недела најавија дека првенството ќе почне ден претходно од планираното, на 20 ноември, а во првиот натпревар Катар ќе игра против Еквадор.

TRT Balkan / агенции
Популарни