АТП: Синер ја зголеми предноста, Ѓоковиќ падна на четврто место / Photo: AA

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја зголеми предноста на врвот на АТП листата по триумфот на Ју Ес Опен, додека Србинот Новак Ѓоковиќ прв пат до долго време се спушти на четвртото место.

Германецот Александр Зверев од четвртото се искачи на второто место, додека Шпанецот Карлос Алкараз остана третопласиран.

АТП листа:

(1) Јаник Синер (Италија) 11.180 (4) Александар Зверев (Германија) 7.075 (3) Карлос Алкараз (Шпанија) 6.690 (2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.560 Данил Медведев (Русија) 5.475 Андреј Рубљов (Русија) 4.645 (12) Тејлор Фриц (САД) 4.060 (7) Хуберт Хуркач (Полска) 4.060 (8) Каспер Руд (Норвешка) 4.010 (11) Григор Димитров (Бугарија) 3.965.

TRT Balkan / агенции
Популарни