Поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА Сеп Блатер и Мишел Платини ослободени се од Федералниот кривичен суд на ФИФА за обвинението за измама.
Двајцата беа обвинети за наводна измама во врска со два милиони швајцарски франци за кои органите тврдеа дека Блатер му ги исплатил на Платини за консултантски услуги.
Блатер и Платини потпишале договор во 1999 година за консултантски услуги и годишна плата од 300 000 франци.
Во Јуни 2015 Блатер поднесе оставка, а во ноември 2015 ФИФА им забрани да бидат дел од сите активности поврзани со фудбал.
Истрагата траеше седум години. Судењето се одржа во Белинцона Швајцарија.
TRT Balkan / агенции