Болидот на Шумахер продаден за рекорден износ     Фото: Sotheby's / Twitter profile

Болидот на Ферари во кој Германецот Михаел Шумахер во 2003 година оствари шест победи и ја освои шестата од вкупно седумте титули на светски првак во Формула 1, продаден е на аукција во Женева за 13 милиони евра.

Моделот „F2003-GA Chassis 229“ е рекордер според постигнатата цена меѓу болидите на Формула 1 од модерната ера, објавија од аукциската куќа Сотби.

Благодарејќи на Шумахер и неговиот тогашни тимски колега Бразилецот, Рубенс Баричело, Ферари во 2003 година ја освои петтата последователна титула на светскиот првак меѓу конструкторите.

Германецот Шумахер (53) останува во опоравување откако се здоби со повреда на главата во несреќа при скијање во декември 2013 година.

Тој беше ставен во медицински индуцирана кома неколку месеци по несреќата. На неговото семејство му беше дозволено да го врати дома во септември 2014 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни