Саудиска Арабија, следна станица на Формула 1 / Photo: AA

Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со втората трка во сезоната што ќе се одржи во Саудиска Арабија.

За Големата награда на Саудиска Арабија (Saudi Arabia Grand Prix) на патеката „Корниш“ (Corniche), која е долга 6,1 километар и се наоѓа во градот Џеда, возачите ќе треба да возат 50 круга.

Денес ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за 19 март, недела, со почеток во 18:00 часот.

На првата трка од оваа сезона, која се одржа во Бахреин, победи холандскиот пилот на „Ред Бул“, Макс Верстапен.

Пред трката на патеката „Corniche“, пласманот на возачите и тимовите е следниов:

Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 25 поени

2. Серџо Перез (Мексико): 18 поени

3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 15 поени

4. Карлос Саинц (Шпанија): 12 поени

5. Луис Хамилтон (Велика Британија): 10 поени

Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 43 поени

2. Астон Мартин: 23 поени

3. Мерцедес: 16 поени

4. Ферари: : 12 поени

5. Алфа Ромео: 4 поени

TRT Balkan / агенции
Популарни