Унгарија, следната станица на Формула 1     Фото: АА

Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со 13. трка во сезоната која ќе се одржи во Унгарија.

За Големата награда на Унгарија (Hungary Grand Prix) на патеката „Хунгароринг“, која е долга 4,3 километри и се наоѓа во Будимпешта, возачите ќе треба да извозат 70 круга.

В сабота со почеток во 16 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Унгарија е закажана за в недела, 31 јули, со почеток во 15 часот.

Пред трката на патеката „Хунгароринг“, во продожение следува приказ на пласманот на возачите и тимовите.

Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 233 поени

2. Шарл Леклер (Монако): 170 поени

3. Серџо Перез (Мексико): 163 поени

4. Карлос Саинс (Шпанија): 144 поени

5. Џорџ Расел (Велика Британија): 143 поени

Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 396 поени

2. Ферари: 314 поени

3. Мерцедес: 270 поени

4. Алпин: 93 поени

5. Мекларен: 89 поени

AA
Популарни