Викендов на програмата е трката за Големата награда на Холандија, 15. трка од овогодишниот Шампионат во Формула 1.
Трката за Големата награда на Холандија ќе се одржи на патеката „Зандворт“, долга 4.259 метри, која се наоѓа во близина на истоимениот град на брегот на Северното Море.
Трката за полпозициите за Големата награда на Холандија е закажана за утре, сабота, со почеток во 15:00 часот. Стартот на трката е закажан за в недела во 15:00 часот, а победник ќе биде возачот кој најбргу ќе ги извози 72-та круга.
Во претходните 14 трки најголем број победи извојува актуелниот шампион Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, вкупно девет. Следуваат Шарл Леклер од Ферари кој славеше на три трки, а по една победа имаат Серхио Перез од Ред Бул и Карлос Саинц од Ферари.
Пласман на првите пет возачи и тимови пред трката за Големата награда на Холандија:
Пласман на возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 284 поени
2. Серхио Перез (Мексико): 191 поен
3. Шарл Леклер (Монако): 186 поени
4. Карлос Саинц (Шпанија): 171 поен
5. Џорџ Расел (Велика Британија): 170 поени
Пласман на конструктори
1. Ред Бул Рејсинг: 475 поени
2. Ферари: 357 поени
3. Мерцедес: 316 поени
4. Алпин Рено: 115 поени
5. Мекларен: 95 поени