Најдобрата босанско-херцеговска пливачка Лана Пудар (16) во финалната трка на Европското првенство во Рим во дисциплина 200 метри делфин освои златен медал, прв во историјата на Босна и Херцеговина.
Пудар стана првак на Европа пливајќи ја делницата со време 2:06.81 минути.
Сребрениот медал и припадна на Хелена Росендал Бач од Данска со време 2:07.30, а бронзата на италијанката Иларија Кусинато коај исплива со време 2:07.77 минути.
Пудар во финалето на трката на 100 метри делфин на Европското сениорско првенство во Рим во понеделникот освои бронзен медал, тогаш прв во историјата на Босна и Херцеговина, додека вчера отиде чекор понатаму и освои златен медал.
Европското сениорско првенство во пливање во Рим почна на 11 август, а заврши вчера.
TRT Balkan / агенции