Бразилските фудбалери со црни дресови во знак против расизмот / Photo: CBS

Фудбалската репрезентација на Бразил во сабоата одигра пријателски натпревар со Гвинеја (4:1), а „Караоките“ во првото полувреме носеа црни дресови за да изразат протест против расизмот кој е голем проблем во фудбалот.

Тоа беше првпат во 109-годишната историја на бразилската репрезенација играчите да носат црни дресови. Со расизмот се борат и бразилските репрезентативци, особено играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

„Нема игра со расизмот“ „Со расизмот нема игра па моравме да протестираме. Играчите пред натпреварот клекнаа, а првпат во 109 години долгата историја на бразилската репрезентација облекоа црни дресови“, објави бразилскиот сојуз, кој својата борба против расизмот планира да ја продолжи кога денес ќе игра прјателски меч против Сенегал во Лисабон.

Винисиус Јуниор, кој овојпат го носеше бројот 10, кој инаку го носи повредениот Нејмар, беше стрелец на последниот погодок за Бразил од белата точка. Пред тоа, мрежата ја погодија и Жоелинтон, Родриго и Едер Милитао. Серху Гираси го намали резултатот на 1-2 во првото полувреме.

ФИФА: Винисиус на чело на Комитетот за антирасизам

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор, ќе предводи специјален комитет за антирасизам на ФИФА составен од играчи кои ќе предложат построги казни за дискриминаторско однесување во фудбалот, соопшти на 16 јуни Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната фудбалска асоцијација.

Бразилскиот напаѓач Винисиус беше навредуван врз расна основа од страна на навивачите кога Реал играше против Валенсија во мај, што беше десетти ваков инцидент пријавен на обвинителството од Ла Лига оваа сезона.

Инфантино: Доста е

„Нема да има повеќе фудбал со расизам. Натпреварите треба веднаш да се прекинат кога тоа ќе се случи. Доста е“, рече Инфантино по средбата со Винисиус и бразилската репрезентација.

„Побарав од Винисиус да води група играчи кои ќе воведат построги казни против расизмот кои подоцна ќе ги применуваат сите фудбалски авторитети во светот. Треба да слушнеме од играчите и што им треба за да играат во побезбедна средина. Ние сме многу сериозни во врска со ова“, додаде Инфантино.

TRT Balkan / агенции
Популарни