Ковчегот на бразилската фудбалска легенда беше пренесен со пожарникарско возило во погребна поворка на пат до последното почивалиште на Пеле на гробиштата на Меморијалниот некропол „Екуменика“ во Сантос.    Фото: Ројтерс

Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, беше погребан по дводневна церемонија во Бразил.

Неговиот ковчег беше носен низ округот Сантос, каде што помина голем дел од својата кариера, додека илјадници ожалостени се собраа на улиците за да се простат од еден од најголемите спортисти во историјата.

Ковчегот на бразилската фудбалска легенда беше пренесен со пожарникарско возило во погребна поворка на пат до последното почивалиште на Пеле на гробиштата на Меморијалниот некропол „Екуменика“ во Сантос.

Илјадници луѓе застанаа долж улиците за да ја видат процесијата, додека на погребот присуствуваше само семејството.

Инаку, ковчегот со телото на легендарниот Пеле завчера беше донесено на Стадионот „Вила Белмиро“ во Сантос, каде што се одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе. Голем број граѓани во солзи се простија од големата фудбалска легенда.

Бразилската фудбалска икона почина на 29 декември 2022 година во Сао Паоло на 82-годишна возраст по битката со ракот.

Трикратен освојувач на титулата светски шампион со Бразил. Се смета за една од најголемите фудбалски легенди на сите времиња.

AA
Популарни