Клубовите со домашни тренери постигнаа големи успеси во четирите од петте врвни европски фудбалски првенства, во Шпанија, Италија, Германија, и Франција.
Томас Тухел од Баерн Минхен го предводеше тимот до тутула во германската Бундеслига, како и Кристоф Галтје од ПСЖ во француската Лига 1, Чави Ернандез со Барселона во шпанската Ла Лига и Лучијано Спалети го освои првенството во италијанската Серија А.
Единствен исклучок од најдобрите европски лиги е Англија, каде победник е шпанскиот тренер Гвардиола со Манчестер Сити.
Домашни тренери освоија четири последователни титули со Баерн М.
Баерн Минхен последните четири шампионати во Бундеслигата ги освои на чело со домашни тренери.
Клубот стана шампион во сезоните 2019-2020 и 2020-2021 со германскиот тренер Ханси Флик, а потоа освои титула со Јулијан Нагелсман во сезоната 2021-2022.
Баварците ја почнаа сезоната 2022-2023 под водство на Нагелсман, но во март го заменија со Томас Тухел, уште еден германски тренер.
Минхенскиот клуб стана шампион на Бундеслигата со 71 поен и подобра гол разлика пред Борусија Дортмунд.
ПСЖ се врати на домашен тренер по 2016 година
Пари Сен Жермен, кој е овогодишен француски шампион, беше предводен од домашен тренер за првпат по 2016 година.
Францускиот тренер Лорен Бланк го предводеше кормилото на ПСЖ од 2013 до 2016 година, пред шпанскиот тренер Унај Емери да го завземе неговото место, по што следеа и Томас Тухел од Германија и Маурицио Почетино од Аргентина.
Кристоф Галтје, уште еден Французин, ги презеде Парижаните оваа сезона откако го предводеше Лил до шампионската титула во 2020-2021 година.
Барселона освои 9 од последните титули со шпански тренери
Барселона последните 9 титули ги освои под водство на шпански тренери откако последен странец беше холандскиот тренер Френк Рајкард во сезоните 2004-2005 и 2005-2006.
Пеп Гвардиола беше меѓу најдобрите тренери во Ла Лига со титули во сезоните 2008-2009, 2009-2010, и 2010-2011, додека Барселона освои и тутула во сезоната 2012-2013 предводена од Тито Виланова.
Луис Енрике го предводеше тимот до титули во сезоните 2014-2015 и 2015-2016, тоа му успеа и на Ернество Валверде во сезоните 2017-2018 и 2018-2019,и Барселона повторно е шампион на Шпанија во актуелната сезона со Чави Ернандез.
Династија на домашни тренери во Серија А
Последните 13 сезони во Серија А добиваа шампиони меѓу тимовите предводени од домашни тренери од Италија.
Португалецот Жозе Мурињо е последниот странски тренер кој ја освоил Серија А со титулата во сезоните 2008-2009 и 2009-2010 со Интер.
Оттогаш десетина титули освои Масимилијано Алегри како предводник на Јувентус, додека Антониот Конте четири пати стана италијански шампион како тренер на Јувентус и Интер. Маурицио Сари, Стефани Пиоли и Лучијано Спалети исто така ги предводеа нивните клубови до титула во Серија А, сите по еднаш.
Спалети го прекина 33 годишниот „пост“ за Наполи и ја освои последната титула во Серија А.
Титулата ја освои на пет кола пред крајот, освојувајќи 90 бодови на табелата, а за Спалети ова беше и прва титула во неговата тридецениска тренерска кариера.
Странските тренери победуваат во Премиер Лигата од 1992 година
Англиските тренери немаат освоено ниту едено првенство во англиската Премиер Лига во последните 30 години.
Во сезоната 1991-1992 година, Лидс Јунајтед го освои првенството под водство на Хауард Вилкинсон, кој е последен англиски тренер што освоил титула во Премиер Лига.
Шкотскиот тренер Сер Алекс Фергусон освои 13 шампионски титули, додека Французинот Арсен Венгер и Португалецот Жозе Мурињо освоија по три.
Италијанските тренери Карло Анчелоти, Роберто Манчини, Клаудио Раниери, Антонио Конте, Германецот Јирген Клоп, Шкотланѓанецот Кени Далглиш и Чилеанецот Мануел Пелегрини се радуваа на шампионските титули.
Шпанецот Пеп Гвардиола остави свој белег во последните години водејќи го Манчестер Сити до титула пет пати во последните шест сезони.
Традицијата на успеси на турските тренери продолжува во турската Суперлига
Турските тренери ги освоија првенствата во последните 16 сезони во Супер Лигата, каде Галатасарај ја освои титулата во сезоната 2022-2023 под водство на Окан Бурук.
Серијата започна со Џеват Ѓулер во сезоната 2007-2008 и продолжи со по една титула на Мустафа Денизли, Ертугрул Саглам, Ајкут Качаман, Фатих Терим освои четири, а Ерсун Јанал, Хамза Хамзаоглу, Шенол Гунеш, Шерген Јалчин, Абдула Авчи и Окан Бурук како тренери по два пати го освојуваа турското фудбалско првенство.