Поранешниот германски фудбалер Лотар Матеус, дресот со број 10, кој го зеде од Диего Армандо Марадона во финалето на Светското првенство во Мексико во 1986 година, одиграно помеѓу Аргентина и Германија, го подари на фудбалскиот музеј што ќе биде отворен во Мадрид.
На церемонијата одржана во Аргентинската амбасада во Мадрид, германскиот фудбалер Матеус, дресот што го зеде од Марадона, во финалето на Светското првенство во Мексико во 1986 година, одиграно помеѓу Аргентина и Германија, го подари по 36 години.
Maтеус истакна дека отсекогаш му било голема чест да игра против Марадона бидејќи тој беше најдобар.
„Тој за мене е многу важен не само како фудбалер, туку и како личност. Многу е тажно што тој повеќе не е со нас, но секогаш ќе биде во нашите срца и сега ќе се одржува во „живот“ и во музејот“, нагласи Матеус.
Тој додаде дека овој важен комеморативен дрес ќе има одлично место во музејот
„Марадона за мене не беше само голема фудбалска легенда, туку имаше и големо пријателство меѓу нас. Тој е единствен во фудбалот и целиот свет Марадона го смета за легенда“, појасни Матеус.
Дресот со број 10 на аргентинската репрезентација, кој Марадона го носеше за време на финалето на Светското првенство, ќе биде изложен во музејот наречен „Легенди - домот на фудбалот“, изграден на Плоштадот „Пуерта дел Сол“ (Порта на Сонцето) во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид.
Музејот, кој е изграден со иницијатива на фудбалската колекционерска група „Легенди“ и со поддршка на шпанската Ла лига и Општина Мадрид, се очекува да биде сместен во зграда од седум ката на кои ќе бидат вклучени ресторани и забавни центри. Се планира музејот да биде отворен кон крајот на годината.