Трите потпишани фудбалски дресови на Кристијано Роналдо, Леонардо Бонучи и Пауло Дибала беа продадени на аукција за донирање на жртвите од земјотресот во Туркије.
Турскиот дефанзивец на Аталанта, Мерих Демирал (24), кој претходно ги даде на аукција дресовите на своите поранешни соиграчи за добротворни цели, на Твитер објави дека турскиот холдинг „Ахлатчи“ ги купил овие дресови за 5 милиони турски лири или околу 265.500 долари.
Демирал додаде дека приходите биле испратени до турската невладина организација (НВО) наречена „Ахбап“ со цел парите да бидат искористени за жртвите од земјотресот во Туркије.
Демирал, Роналдо, Бонучи и Дибала беа дел од тимот на Јувентус со кој во 2020 година ја освоија шампионската титула во италијанската Лига А.
Познатиот турски пејач на рок музиката Халук Левент (54) во 2017 година ја основа доброволната мрежа „Ахбап“ за да им помогне на луѓето на кои им е потребна.
Најмалку 14.351 лице загинаа, а 63.794 други се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Туркије, изјави во четвртокот потпретседателот на земјата Фуат Октај.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.