Фудбалерот Лионел Меси  е најплатениот спортист на светот во 2022 година     Фото: АА

Спортот значи забава, но и пари. Mногу пари. Професионалните спортисти со светска слава имаат енормно високи приходи, и од година во година стануваат се побогати.

Оттаму, ја будат и љубопитноста на јавноста во однос на тоа колку се платени. Според достапните податоци, фудбалерите и кошаркарите ја имаат привилегијата да бидат најплатени меѓу спортистите.Магазинот Форбс направи листа на најплатените спортисти во светот за 2022 година.

Според листата, фудбалерот на Париз Сен-Жермен (ПСЖ) Лионел Меси е најплатениот спортист на светот во 2022 година.

Меси заработи 130 милиони долари пред оданочувањето, од кои 75 милиони долари се однесуваат на платата, додека од разни спонзорства ги заработил преостанатите 55 милиони долари.

На второ место е Леброн Џејмс, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, чии приходи изнесуваат 121,2 милиони долари, но повеќето, односно 80 милиони долари, доаѓаат од вонспортски активности.

Кристијано Роналдо е третиот по заработката со 115 милиони долари. Платата му е 60 милиони долари, а од спонзорите заработил уште 55 милиони долари.

Кристијано Роналдо     Фото: AP

Уште еден фудбалер е високо на листата на најплатените спортисти во светот. На четвртото место е Бразилецот Нејмар, кому вкупните приходи изнесуваат 95 милиони долари, а 70 милиони долари отпаѓаат на плата.

Тенисер и боксер во првите десет

Тенисерот Роџер Федерер кој е на седмото место на листата е особено интересен во контекст на заработката, со оглед дека од тениските награди заработил „само“ 700.000 долари, но тој е првак поради активностите надвор од тенискиот терен со заработени околу 90 милиони долари.

Боксерот Канело Алварез е на осмата позиција на листата на најплатени спортисти за 2022 година со заработени 90 милиони долари.

Седумкратниот освојувач на „Супер Боул“ Том Бреди е на деветтото место (83,9 милиони долари).

Четири кошаркари од НБА меѓу 10-те најплатени спортисти

Освен Џејмс, уште тројца НБА кошаркари се на листата на 10-те најплатените спортисти. Станува збор за Стефен Кари кој е на петтата позиција (92,8 милиони долари), на шестата е Кевин Дјурант (92,1 милиони долари) и последниот, односно десетти меѓу најплатените спортисти е кошаркарот Јанис Адетокумбо (80,9 милиони долари).

Ова е листата на Форбс на 10 најплатени спортисти во 2022 година:

1. Лионел Меси (130 милиони долари)

2. Леброн Џејмс (121.2 милиони долари)

3. Кристијано Роналдо (115 милиони долари)

4. Нејмар (95 милиони долари)

5. Стефен Кари (92.8 милиони долари)
6. Кевин Дјурант (92.1 милиони долари)

7. Роџер Федерер (90.7 милиони долари)

8. Канело Алварез (90 милиони)
9. Том Бреди (83.9 милиони)

10. Јанис Адетокумбо (80.9 милиони)

TRT Balkan
Популарни