Дресот на Диего Армандо Марадона од натпреварот против Англија на Светското првенство во 1996 година      Фото: AFP

Страсните љубители на спортот честопати се подготвени да дадат цело богатство за дел од опремата која некогаш им припаѓала на спортистите за кои тие навиваат или пак е поврзана со некој голем настан.

Не бираат средства за да дојдат до дрес, патики, копачки кои ги носеле нивните спортски херои или топка со која се одиграл некој натпревар. Низ историјата, но и во поново време тие се продаваат за милионски суми.

Седум милиони фунти за дресот на Марадона

Дресот на Диего Армандо Марадона од натпреварот против Англија на Светското првенство во 1996 година е најскапо платениот дрес на аукција. Анонимен сопственик на аукција во Велика Британија за него издвои 7,1 милиони фунти.

Претходно 36 години сопственик на дресот беше екс англискиот репрезентативец Стивен Хоџ со кого Марадона по натпреварот го сменил дресот. Хоџ долго се противеше на продажба на дресот на Марадона.

Натпреварот на кој Марадона го носеше овој дрес заврши со победа на Аргентина од 2:1. Марадона ги постигна двата гола за гаучосите. Едниот е познат како голот “божја рака” поради контроверзниот начин на кој беше постигнат.

Дресот на Џорџ Рут на второ и трето место

Дресот на американскиот бејзбол играч Џорџ Херман Рут познат како Бејб Рут го држи светскиот рекорд за најскапо платен дрес. Дресот на Рут од „Јенкис” од 1928 година преку аукциската куќа Хантс бил продаден за 5,6 милиони долари.

Интересно е тоа што и друг дрес на Рут, но од 1920 година е на второто место на најскапо платени дресови. Ова парче спортска облека било платено 4,4 милиони долари. Овој дрес според познавачите на американскиот беjзбол е карактеристичен по тоа што натписот Јенкис за првпат се нашол на предната страна.

Дресот на Мајкл Џордан продаден за 1,3 милиони долари

Не само во беjзболот и фудбалот туку и во кошарката се чести случаите на скапо платени дресови. Светло синиот дрес со број 23 на најдобриот кошаркар Мајкл Џордан од студентските денови кога настапувал за Универзитетот на Северна Каролина беше продаден за 1,38 милиони долари. Дресот е од 1983 година,а беше продаден од аукциската куќа Херитиџ.

Милионски суми и за дресови на хокеари

Дури 1,27 милиони долари издвоил љубител на хокејот за дресот на канадскиот играч Пол Хендерсон. Со него Хендерсон настапил против Советскиот сојуз во 1972 година.

Дресот на хокеарот Мајк Ерузионе од 1980 година исто така од натпревар против СССР е продаден на аукција во 2013 година за 657.250 долари.

TRT Balkan
Популарни