Џеко стана највозрасен стрелец во историјата на Суперкупот на Италија

Со 36 години и 307 денови возраст Един Џеко, босанско-херцеговскиот фудбалер и капитен на националниот тим на својата земја, синоќа стана највозрасен стрелец во историјата на Суперкупот на Италија.

Со вториот гол за Интер во триумфот со резултат 3:0 над градскиот ривал Милан, Џеко стигна до деветтиот трофеј во кариерата, а прогласен е и за играч на натпреварот одигран во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

„Воодушевени сме бидејќи го освоивме трофејот. Го заслуживме тоа со играта на теренот. Овој трофеј го освоивме минатата година и сакавме повторно да го освоиме. Секогаш гледаме напред. Се подготвивме многу добро за натпреварот“, изјави Џеко.

На новинарско прашање во Ријад, колку години има со оглед на одличната игра, во шега и низ смеа одговори: „Наскоро ќе имам 22.“

TRT Balkan / агенции
Популарни