Енис Барди ново засилување на турскиот Бодрумспор

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е промовиран за ново засилување на турскиот фудбалски клуб Бодрумспор. Тој доаѓа од екипата на Трабзонспор.

Барди се реши да остане во турската фудбалска лига, и покрај интересот од неколку клубови од Италија, Шпанија, Англија и од Хрватска.

Клубот на оригинален начин го промовираше во своите редови. Во минатото македонскиот репрезентативец настапуваше за Ујпешт, Леванте, од каде замина во Трабзонспор во август 2022 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни