Фудбалските репрезентации на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од второто коло од групата „Б“ на Европското првенство 2024 што се одржува во Германија.
На натпреварот одигран на стадионот „Фолкспарк“ во Хамбург, Албанците поведоа во 11. минута со голот на Ќазим Лаци.
Хрватскиот тим потоа тргна агресивно, но не успеа да создаде шанси. Во второто полувреме хрватскиот тренер ги замени Мајер и Брозовиќ со Сучиќ и Пашалиќ, по што Хрватите доминираа.
По бројните напади Хрватска израмни дури во 74. минута преку Андреј Крамариќ. Две минути подоцна хрватскиот тим поведе со автоголот на Клаус Ѓасула по ударот на Будимир.
Наместо да продолжат со нападите, Хрватите се повлекоа па албанската репрезентација успеа да израмни на 2:2 со голот на Ѓасула во петтата минута од судиското надополнување, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Во четврток од 21 часот во истата група се среќаваат Шпанија и Италија.
Репрезентацијата на Хрватска во понеделник од 21 часот во третото коло ќе игра против Италија, а во исто време се игра и натпреварот меѓу Албанија и Шпанија.