Бразил е најдобрата репрезентација во историјата на светските првенства во фудбал, а Катар, земјата домаќин на претстојното светско првенство ќе биде 80 репрезентација која настапила на еден мундијал. Досега во историјата на светските првенства почнувајќи од 1930 година настапиле 79 репрезентации.
Десет земји учеснички без бодови
На табелата со генерален пласман Бразил е прв со 237 бодови на светските првенства. „Кариоките” победиле на 73 натпревари. Германија одиграла ист број на натпревари, но има 221 бод.
По нив во топ 10 следуваат Италија со 156 бодови од 83 натпревари, Аргентина со 144 поени од 81 натпревар, Франција со 115 поени и 66 натпревари, Англија 108 поени и 69 натпревари, Шпанија со 105 поени и со 63 натпревари, Холандија има 93 бодови во 50 натпревари, Уругвај има 84 поени и има 56 натпревари, а Шведска има 70 поени во 51 натпревар на првенствата.
Меѓу 30 најдобри според бодовното салдо, од репрезентациите во регионот, се наоѓаат Србија на која и се припишуваат и сите учества и освоени бодови на поранешна СФРЈ, а потоа следува Хрватска. На тој начин Србија се наоѓа на 13 место со 62 поени од 46 натпревари, а Хрватска е на 22 место со 37 поени од 23 натпревари.
Репрезентацијата на Туркије се наоѓа на 36 место со 16 бодови од 10 натпревари.
Репрезентациите на Индонезија, Ирак, Того, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Кина, Хаити, Демократска Република Конго, Панама и Ел Салвадор кои учествувале на СП немаат освоено бод.
Бразил и Германија со најмногу одиграни натпревари
Бразил, досега одигра 109 натпревари на сите светски првенства. Германија со исто толку натпревари има 221 бод.
По нив следуваат Италија со 83, Аргентина 81, Англија 69, Франција 66 и Шпанија со 63 натпревари.
Пет репрезентации немаат постигнато гол
Во 92 годишната историја на Светските првенства има и такви репрезентации кои учествувале на еден или повеќе шампионати, и не успеале да постигнат гол. Тоа се репрезентациите на Тринидад и Тобаго, Индонезија, Канада, Кина и Демократска Република Конго.
Кои репрезентации најмногу пати се соочиле?
Бразил против Шведска играл седум пати на светските првенства. Исто толку пати Германија играла против поранешна Југославија и против Србија. Германија има одиграно седум натпревари и против Аргентина.