. Фудбалерите на Франција ја оправдаа титулата фаворити и ја совладаа Австрија со 1:0 во натпреварот од првото коло од групата Д на Европското првенство во Германија. Во можеби најслабиот натпревар досега на ЕУРО Австрија беше равноправен противник на Меркур Шпил-Арена во Дизелдорф во поголемиот дел од првото полувреме. Но Французите поведоа во финишот на полувремето кога Мазимилијан Вобер несмасно реагираше и со глава постигна автогол по центаршутот на Килијан Мбапе. Австријците во вториот дел напаѓаа, нНо без вистинска шанса, додека Французите чекаа можност од контранапад да го зголемат водството, но резултатот не се промени. Во истата група вчера Холандија ја совлада селекцијата на Полска со резултат 2:1. Во второто коло во оваа група ќе се играат натпреварите Холандија - Франција и Австрија - Полска, кои се закажани за 21 јуни.
17 јун 2024
ЕУРО: Франција со автогол до три бода против Австрија
Французите го постигнаа решавачкиот гол во финишот на полувремето кога Мазимилијан Вобер несмасно реагираше и со глава постигна автогол по центаршутот на Килијан Мбапе
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ ја одбил понудата на Фенербахче
Тутоспорт наведува дека тренерот на Фенербахче, Мурињо побарал од челниците на клубот да го ангажираат Влаховиќ на крајот од сезоната, бидејќи португалскиот стручњак смета дека мора да одговорат на тандемот на Галатасарај, Икарди- Осимен
Што друго би сакале да знаете?
Популарни