Ова ќе биде петто финале за Шпанија, која досега има три победи (1964, 2008, 2012), додека во 1984 година загуби од Франција / Photo: AA

Шпанската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на ЕУРО во Германија, откако во првиот полуфинален натпревар во Минхен ја совлада Франција со 2:1 (2:1).

„Триколорите“ поведоа во деветтата минута со голот на Коло Муани, но „Фуријата“ до крајот на полувремето го сврте резултатот со головите на Ламине Јамал (21) и Дани Олмо (25).

Во второто полуфинале во среда во Дортмунд се среќаваат Холандија и Англија.

Дуелот во „тешка категорија“ во Минхен ѝ припадна на Шпанија, која со двата феноменални потези на Јамал и Олмо отиде во финалето.

Франција го одигра својот најдобар натпревар на ЕУРО, но тоа не и помогна против, особено во второто полувреме, „цврсти“ Шпанци.

Тоа ќе биде петто финале за Шпанија, која досега има три победи (1964, 2008, 2012), додека во 1984 година загуби од Франција.

Натпреварот започна ветувачки бидејќи ниту една екипа не влезе претпазливо и пресметливо во дуелот.

Веќе во петтата минута Ламине Јамал ја нафрли топката во шеснаесетникот, а целосно сам беше Фабијан Руиз, чиј удар со глава мина преку гредата.

Французите во овој натпревар влегоа како единствена екипа чии играчи не постигнаа гол, но и не примија гол од поле, а тоа се промени за само 21 минута игра.

Во 9. минута топката дојде до Килијан Мбапе, кој од место милиметарски прецизно ја пронајде главата на Коло Муани во шеснаесетникот, кој лесно погоди покрај шпанската одбрана.

Дванаесет минути подоцна Јамал постигна прекрасен гол за израмнување. Тој ја прими топката на 25 метри од голот и го мина Рабио, упати кон десниот агол од голот на Маињан, а топката се одби од стативата и во мрежата за еден од најубавите голови на првенството.

Младиот 16-годишен шпански напаѓач Ламине Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на европските фудбалски првенства со само 16 години и 362 дена, но и на големите светски натпреварувања.

Со тоа го престигна Пеле, кој на 17 години и 239 дена постигна гол против Велс во четвртфиналето на СП 1958 година. Покрај тоа, Јамал стана првиот Шпанец кој постигнал гол надвор од шеснаесетникот на ЕП во последните 24 години.

Во 25. минута уште еден шпански играч изведе мајсторија за гол. Олмо направи две движења, без топката да го допре тревникот, го „изврти“ Чуамени и упати силен удар дијагонално од десет метри, кој дефанзивецот Жил Кунде го внесе во мрежата. Најпрво УЕФА запиша автогол, но подоцна на Олмо му беше запишан третиот гол на ЕУРО.

Французите влегоа порешително во продолжението, а обидите на Чоамени со глава и Мбапе со нога завршија во рацете на Унаи Симон.

Франција без плод го опседна голот на Шпанците, а дури во 76. минута шанса имаше Тео Ернандез, но од 16 метри ја испрати топката над голот.

Во последните 15 минути во игра влегоа Антоан Гризман, Оливие Жиру и Бредли Баркола за целосна офанзива на Французите кон голот на Симон.

Во 85. минута Мбапе конечно дојде во шанса, но неговиот удар по соло продор отиде далеку над голот во последната шанса од натпреварот.

До крајот Шпанците речиси не дозволија Франција да дојде до посед на топката.

TRT Balkan / агенции
Популарни