Португалската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО во Германија откако во осминафиналето во Франкфурт ја совлада Словенија со 3:0(0:0) по подобро изведување пенали.
Јунак на натпреварот беше португалскиот голман Диого Коста, кој во пенал престрелката ги одбрани првите три словенечки пенали на Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бенјамин Вербич. Од друга страна, Роналдо, Фернадес и Бернардо Силва беа сигурни.
Во текот на средбата двете екипи имаа по една фантастична можност во продолжението. Кристијано Роналдо можеше да постигне гол од пенал во 105. минута, но Јан Облак го одбрани неговиот удар.
Седум минути подоцна, Бенџамин Шешко во контранапад се упати кон голот на Португалија, но неговиот удар одлично го сопре Диого Коста.
Португалија е шестата репрезентација која се пласираше во четвртфиналето по Германија, Швајцарија, Англија, Шпанија и Франција. Франција која ја совлада Белгија со 1:0 ќе биде следниот противник на Португалија на 5 јули во Хамбург.
Последните двајца патници во четвртфиналето ќе ги дознаеме во вторник кога се среќаваат Романија- Холандија и Австрија- Турција.
За Словенија, пласманот во осминафиналето е најголемиот успех на репрезентацијата, бидејќи до ова ЕВРО, во три обиди, на два мундијали и едно европско првенство, не ја мина групата.
Интересно, Португалија во осумте настапи на европските првенства секој пат ја минуваше групата, а најдалеку во 2016 година, освојувајќи ја европската круна.
Словенечкиот селектор Матјаж Кек со својот проверен рецепт ги подготви своите избраници за „историскиот“ натпревар. Клучот за нивната игра во групата беше трчањето, компактноста и пред се тимската работа.
Момците на Кек беа меѓу седумте селекции кои останаа непоразени во групната фаза заедно со Данска, Англија, Франција, Германија, Шпанија и Швајцарија. Кек и овојпат не експериментираше со составот, наместо суспендираниот Ерик Јанжа, во игра влезе Јуре Балковец.
Од друга страна, Роберто Мартинез им даде шанса на секој од 23-та играчи во поле и проба со различни формации, па имаше далеку поодморен состав. Португалија очекувано притисна од првата минута, а првата шанса ја имаше во 13. минута кога Бернардо Силва упати убаво додавање во шеснаесетникот, но Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо беа прекратки.
Словенија добро се бранеше, па Португалија имаше нова шанса дури во 30. минута, но Роналдо не ја фати добро топката со глава. Три минути подоцна Португалија ја имаше најдобрата шанса во првите 35 минути, со слободен удар од 20 метри. тираше Роналдо, но наШуд гредата.
Во 44. минута го видовме првиот словенечки удар, Шешко шутираше од 25 метри, но директно кон Коста. Избраниците на Мартинез одлично го започнаа продолжението и во 55. минута Роналдо доби нова шанса од слободен удар од околу 20 метри, но Облак беше подготвен.
Во 62. минута Словенија ја имаше својата најдобра шанса на натпреварот. Шешко избега од одбраната, но шутираше лошо во клучен момент. Во 71. минута Роналдо доби трета шанса од слободен удар, овојпат од 25 метри, но исходот беше идентичен како и во првите два обида.
Во последните моменти од натпреварот капитенот на Португалија уште еднаш се закани, но Облак повторно брилијантно реагираше, туркајќи го натпреварот во продолженија.
Во последната минута од првото продолжение Португалија избори пенал. Вања Дркушиќ го сопна Јота, а Орсато покажа на белата точка. Роналдо шутираше, но Облак фантастично одбрани.
Во 112. минута и Словенија доби слободен удар на 20 метри, но Иличиќ биеше во „живиот ѕид“. Три минути подоцна Словенија имаше „цицер“. Пепе се лизна во центарот и ја загуби топката, а Шешко тргна сам кон голот на Португалците и шутираше.
Топката отиде во долниот десен агол, но голманот брилијантно ја сопре. На крајот, одлуката беше решена со удари од белата точка, а херој стана португалскиот голман Диого Коста.