ЕВРО 2024: Англија фаворит во групата „Ц“ / Photo: Reuters

Натпреварувањето во групата „Ц“ на Европското фудбалско првенство, кое годинава се одржува во Германија, ќе го отвори дуелот меѓу Словенија и Данска на 16 јуни.

Истиот ден во вечерните часови силите ќе ги одмерат Србија и Англија.

Англија

Англиската селекција е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата „Ц“. Од избраниците на Герет Саутгејт многу се очекува на натпреварите на Европското фудбалско првенство, каде во групната фаза ќе играат против Данска, Србија и Словенија.

Во подготвителната фаза за ЕВРО, Англичаните одиграа пријателски натпревар со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, давајќи им можност на англиските ѕвезди кои ќе настапат на ЕП, како Кол Палмер, Трент Александер-Арнолд, Хари Кејн и други, да играат против селекција од териториите на поранешна Југославија, бидејќи во групната фаза Англија ќе игра против Србија и Словенија.

Ова ќе биде 11-ти настап за Англија на ЕП. Англичаните играа во финалето во 2020 година, а во 1968 и 1996 година играа во полуфиналето.

Србија

Австрија во Виена во пријателски натпревар ја совлада Србија со резултат 2:1, што воедно беше последен тест за избраниците на Драган Стојковиќ пред почетокот на ЕВРО 2024.

Ова ќе биде прв настап на Србија на европските првенства, по одвојувањето на Црна Гора.

Данска

Данска по 10-ти пат ќе учествува на ЕВРО. Во 1992 година го освои Европското првенство во Шведска, победувајќи го во финалето овогодинешниот домаќин Германија. Во пријателски подготвителен натпревар Данска ја совлада Шведска со резултат 2:1.

Словенија

Словенија по втор пат ќе настапи на ЕП. Во своето деби на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Словенија не успеа да излезе од групната фаза.

AA
Популарни