Евро 2024:Холандија – Романија и Туркије – Австрија за влез во четвртфинале

Евро 2024:Холандија – Романија и Туркије – Австрија за влез во четвртфинале

Победниците од овие два дуела ќе се најдат меѓу осумте најдобри на европското првенство во фудбал.
Селекторт на Туркије Винченцо Монтела предупредува против Австрија да се игра претпазливо во напад и во одбрана / Photo: Reuters

Двата последни осминафинални натпревари се на програмата денеска на Европското првенство во фудбал во Германија. Во првиот дуел кој започнуа во 18:00 часот играат Холандија и Романија. Двете селекции имаат свој пристап на натпреварот.

Како што пренесува официјалниот портал на УЕФА романскиот селектор Едвард Јорданеску изјавил дека пред европското првенство истакнал дека ќе преземе одговорност ако нешто тргне наопаку, но дека за она што е добро пофалбите ќе одат на адреса на играчите.

“Не се обидував да им кажам дека од нив зависи каков ќе биде резултатот утре, но тоа беше мој предизвик за нив, сигурен сум дека разбраа и чекам да реагираат на теренот“, изјави Јорданеску.

Неговиот холандски колега Роналд Куман вели дека можеби се очекува Холандија да го има поголемиот посед на топката, но дека Романија има компактен тим.

“Можеби ние би имале повеќе топка од нив, но тоа исто така може да биде опасно бидејќи тие ќе чекаат да го изгубиме поседот и да ја искористат таа шанса. Затоа мора да бидеме добри во сите аспекти на нашата игра”, изјави Куман.

Во вториот натпревар се среќаваат Туркије и Австрија. Турскиот селектор Винченцо Монтела вели дека ќе играат претпазливо.

“Очекуваме многу решителен, вреден и конкурентен противник. Ќе бидеме претпазливи во напад и во одбрана. Имаме голем состав и верувам дека ќе се претстават добро и оние кои играат на местото на играчите што недостасуваат. Австрија сосема заслужено ја заврши групата Д на првото место. Сепак, нашиот тим има повеќе талентирани играчи во споредба со нив. Ако се претставиме добро како тим, верувам дека ќе го завршиме натпреварот со добар резултат”, рече Монтела.

Селекторот на Австрија Ралф Рангник вели дека ќе играат против цврста репрезентација.

“Играме со тим кој е силен при посед на топката и кој внесува многу страст во натпреварите. Треба да бидеме подготвени и за двете работи. Треба да ја донесеме нашата енергија, која не издвојува, на маса. Ни требаат жешки срца, но ладни глави“, истакна Рангник, пренесува официјалниот портал на УЕФА.

TRT Balkan / агенции
Популарни