Натпреварите од групната фаза на Евробаскет 2022 ќе се играат во Грузија, Италија, Германија и Чешка, односно во Тбилиси, Милано, Келн и Прага. Завршницата на турнирот ќе се игра во главниот германски град Берлин.     Фото: АА

Европското првенство за кошаркарите, 41 по ред, почнува денес, на први септември, а овојпат домаќини се четири држави, како и пред пет години кога последен пат е одигран Евробаскет.

Натпреварите од групната фаза на Евробаскет 2022 ќе се играат во Грузија, Италија, Германија и Чешка, односно во Тбилиси, Милано, Келн и Прага. Завршницата на турнирот ќе се игра во главниот германски град Берлин.

Титулата европски шампион ќе ја брани Словенија, која е во најтешката група Б, во која е и Босна и Херцеговина. За првите четири места, кои водат во нокаут фазата, ќе се борат уште домаќинот Германија, Литванија, Франција и Унгарија.

Јасно е дека пред босанско-херцеговските кошаркари, кои на Евробаскет стигнуваат во одлично расположение по триумфот против Франција во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, е исклучително тешка работа.

Имено, Словенците, Французите, Литванците, па и Германците се во кругот на фаворитот за една од медалите. Предводени од НБА ѕвездата Лука Дончиќ, Влатко Чанчар и Горан Драгиќ, кој се врати во репрезентацијата пред Евробаскет по пет години, Словенците се дефинитивно селекцијата која може да биде во самото финале.

Руди Гобер и Еван Фурниe се првите ѕвезди на Франција, која е преполна таленти и квалитети, и секако една од репрезентациите која пред почетокот на турнирот влегува во потесниот круг на фаворити.

И Литванија во своите редови има вистински кошаркарски ѕвезди како НБА играчот Јонас Валанисунас и Домантас Сабонис. Секако, Литванија, има тим исполнет со евролигашки играчи, така да нивното евентуално освојување на медал на Евробаскет не би требало да биде изненадување за никој.

Германија на медал од големите натпреварувања чека од среброто од 2005 година, кога МВП на Евробаскетот беше легендарниот Дирк Новицки. Затоа, со домаќинството и неколку големи ѕвезди, пред сите Денис Шредер и талентираниот играч на Орландо Меџик Франц Вагнер, се надеваат дека би можеле да направат голем резултат. За спортската нација како што е Германија тоа би бил влез во борбата за медал.

Аутсајдери на групата се Босна и Херцеговина и Унгарија. Меѓутоа не треба однапред да бидат отпишани, особено босанско-херцеговскиот тим кој по низа години може да смета на центарот на Портланд Трејл Блазерс Јусуф Нуркиќ, а тука е и Џанан Муса, кој по неуспешната епизода во НБА, се врати во Европа и по одличните игри во дресот на Бреоган оваа лето потпиша за големиот Реал Мадрид.

Во секој случај, избраниците на селекторот Адис Беќирагиќ во пресрет на поаѓањето на Евробаскет против Французите покажаа дека можат многу, но исто така и претходно во Подгорица против Црногорците, дека можат да потфрлат. Од исходот од првиот натпревар во кој ќе играат БиХ и Унгарија, би можеле многу работи да зависат кога е во прашање судбината на овие две селекции на Евробаскет 2022.

Во групата А, на која домаќин ќе биде Тбилиси, се наоѓаат домаќинот Грузија, Бугарија, Црна Гора, Белија и два исклучителни фаворити за поминување на групата Шпанија и Туркије. Со Шпанците и Турците за преостанатите две места во вториот круг со највеќе шанси се Грузијците како домаќини, но со квалитетот тоа го заслужуваат и Црногорците и Белгијците. Поминувањето на Бугарите во нокаут фазата би било големо изненадување.

Во групата Ц во Милано со домаќинот Италија, ќе играат и Грција, Хрватска, Украина, Велика Британија и Естоија. Со оглед на реномето кое го имаат Италијанците и Грците не би требале да имаат поголеми проблеми да освојат едно од првите четири места кои водат во продолжението на Евробаскет.

За преостанатите две позиции четирите селекции подеднакво конкурираат. Некогаш порано Хрватска би важела за еден од фаворитите на групата, но со оглед на резултатите во последно време и фактот дека игра предквалификации за наредниот Евробаскет, треба да се почека и да се види што избраниците на некогашниот босанско-херцеговски селектор ќе направат на паркетот. Со оглед на имињата во составот и НБА играчите Бојан Богдановиќ, Ивица Зубац и Дарио Шариќ, Хрватите објективно би требало да остварат пласман меѓу 16 најдобри европски селекции.

Во Прага ќе се играат натпреварите од групата Д во која голем фаворит е Србија. Со неа сигурен патник во нокаут фазата би требало да биде Чешка, додека за преостанатите две места ќе се борат Израел, Полска, Холандија и Финска.

Откако не се пласираше на последните Олимписки игри во Токио, Србија за селектор го донесе искусниот Светислав Пешиќ, кој знае како се освојуваат медал ина големите натпреварувања. Првата ѕвезда во српскиот тим секако е Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, и МВП на НБА лигата, но тука е и Василие Мициќ, МВП на Фајнал фор Евролигата.

Репрезентацијата на Србија дефинитивно може да се вбори во потесен круг на фаворит за освојување медал, но исто така не би било ниту преголемо изненадување доколку потфрли.

Единствено јасно е дека од 1 до 18 септември сите љубители на спортот ги очекува одлична кошарка, бидејќи на ова Европско првенство голем број селекции успеаа да го соберат најдоброто што го имаат на располагање.

AA
Популарни