Европско првенство во кошарка: 24 репрезентации во трка за титулата     Фото: АА

На првиот ден од Европското првенство во кошарка 2022 (Евробаскет 2022), кое годинава ќе се одржи по 41. пат, ќе се одиграат шест натпревари.

Во рамките на првото коло, натпреварите од групата А ќе се играат во Тбилиси, главниот град на Грузија, натпреварите од групата Б ќе се играат во Келн, Германија, натпреварите од групата Ц ќе се играат во Милано, Италија, додека натпреварите од групата Д ќе се играат во Прага, главниот град на Чешка.

По натпреварите по групи, првенството ќе продолжи во Берлин, главниот град на Германија.

Групи

Распоредот на репрезентациите по групи на Европското првенство во кошарка е следен:

Група А:

Туркије

Шпанија

Грузија

Црна Гора

Белгија

Бугарија

Група Б:

Германија

Унгарија

Словенија

Литванија

БиХ

Франција

Група Ц:

Грција

Естонија

Украина

Велика Британија

Италија

Хрватска

Група Д:

Холандија

Финска

Полска

Чешка

Израел

Србија

Први натпревари

Првите натпревари од групите А и Б се играат утре, а натпреварите од групите Ц и Д се закажани за петок, 2 септември.

Репрезентацијата на Туркије по 25. пат учествува на Европското првенство. Оваа репрезентација утре против Црна Гора го игра својот прв натпревар на Евробаскет 2022, а средбата започнува во 16:15 часот.

Утре на Европското првенство во кошарка 2022 (Евробаскет 2022) на програмата се натпреварите:

1 септември, четврток:

Група А (Тбилиси):

13:30 Шпанија - Бугарија

16:15 Туркије - Црна Гора

19:00 Белгија - Грузија

Група Б (Келн):

14:30 БиХ - Унгарија

17:15 Словенија - Литванија

20:30 Франција - Германија

2 септември, петок:

Група Ц (Милано):

14:14 Украина - Велика Британија

17:00 Хрватска - Грција

21:00 Италија - Естонија

Група Д (Прага):

14:00 Израел - Финска

17:30 Полска - Чешка

21:00 Србија - Холандија

Формат на турнирот

На Европското првенство во кошарка 2022 (Евробаскет 2022) учествуваат вкупно 24 репрезентации поделени во четири групи.

Репрезентациите кои групната фаза од Првенството ќе ја завршат на првите четири позиции, ќе го продолжат со натпревари од осминафиналето на Евробаскет со метод на вкрстување.

Потоа следуваат натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето, а финалето и натпреварот за третото место на Евробаскет 2022 се закажани за недела, 18 септември, по што ќе биде познат кошаркарскиот шампион на Европа и носителите на медалите.

AA
Популарни