Возбудата на Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со 10. трка сезонава која ќе се одржи во Велика Британија.
Во Нортхемптоншир во Велика Британија се наоѓа патеката „Силверстон“, долга 5.891 метар.
Возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 52-та круга за победа на Големата награда на Велика Британија. Натпреварите за полпозиции ќе се одржат утре, 2 јули, со почеток во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Велика Британија е закажана за в недела, 3 јули, со почеток во 16:00 часот.
Во досега одржаните 9 трки од Шампионатот во Формула 1, Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, извојува шест победи, Шарл Леклер, возачот на Ферари победи на две трки, а Серхио Перез, колега на Верстапен од Ред Бул, победи на една трка.
Пласманот на првите 5 возачи и тимови според освоените поени на досегашните 9 трки е следен:
Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 175 поени
2. Серхио Перез (Мексико): 129 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 126 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 111 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 102 поени
Тимови
1. Ред Бул: 304 поени
2. Ферари: 228 поени
3. Мерцедес: 188 поени
4. Мекларен: 65 поени
5. Алпин: 61 поен