Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ) го објави зимскиот преоден рок за сезоната 2022/23 година продолжен со одобрение на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). / Photo: Reuters

Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ) го објави зимскиот преоден рок за сезоната 2022/23 година продолжен со одобрение на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

ТФФ соопшти дека вториот дел од преодниот рок и пријавувањето за фудбалската сезона 2022/23 година продолжен до 18 февруари 2023 година, откако беше одобрено нивното барање до ФИФА поднесено на 6 февруари.

Главна причина за ова продолжување се двата силни земјотреси кои во понеделникот го потресоа југот на Туркије.

Најмалку 12.873 лица загинаа, а 62.937 лица се повредени во 10 турски провинции по двата силни земјотреси кои ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари.

TRT Balkan / агенции
Популарни