Франција ja спречи Шведска да се бори за одбрана на европската титула/ Photo: Reuters

Францускиот ракометар Елохим Пранди постигна еден од најубавите голови на Европското првенство во Германија, со кој ја спаси Франција од пораз и го однесе полуфиналниот меч против Шведска во продолжение (27:27).

Во продолженијата Французите, кои се актуелни олимписки шампиони ја победија Шведска со 34:30 и ја спречија да се бори за одбрана на европската титула.

Времето веќе истече при резултат 27:26 за Шведска, но Швеѓаните пред тоа направија фаул, што значеше дека Пранди имаше можност да го одведе мечот во продолженија со удар преку живиот ѕид.

Во огромно мнозинство на случаи, ваквите удари завршуваат во живиот ѕид или во рацете на голманот, но Пранди имаше поинакви намери. Со одличен удар покрај живиот ѕид, тој го проби голманот Андреас Паличка, кој можеше само да ја испрати топката во мрежата.

Во големото финале Франција ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Данска и Германија кој почна во 20:30 часот.

TRT Balkan / агенции
Популарни