Повеќечасовен прекин на мечот Мароко - Аргентина / Photo: Reuters

Шпанија го совлада Узбекистан со 2:1 во воведниот натпревар во групата Ц од машкиот дел од турнирот на Олимписките игри во Париз кој се одигра денеска два дена пред официјалното отворање на олимпијадата.

Марк Пубил го постигна првиот гол за шпанската репрезентација во 29 минута, а Елдор Шомуродов го израмни резултатот од пенал во 48. минута.

Серхио Гомез го постигна победничкиот гол за Шпанија во 62. минута.

Вториот натпревар од групата Б помеѓу Мароко и Аргентина заврши со резултат 2:1 за Мароко.

Суфиан Рахими му донесе водство на Мароко во 45. минута, а потоа погоди уште еднаш од пенал, четири минути подоцна.

Џулијано Симеоне постигна гол за Аргентина во 68. минута. Кристијан Медина го израмни резултатот во судискиото продолжение од второто полувреме. Потоа повеќе навивачи на Мароко влегоа на теренот, а судијата ги испрати фудбалерите на двете репрезентации во соблекувалните и мечот беше прекинат. Откако трибините беа испразнети по речиси два часа во ВАР собата се утврди дека Медина бил во минимален офсајд и неговиот гол беше поништен.

Натпреварот и претходно неколку пати беше прекинуван поради упад на навивачи на теренот.

TRT Balkan / агенции
Популарни