Станува збор за напредна технологија која истовремено овозможува заштита на фудбалерите кои претходно претрпеле удар во главата или лицето, како и удобност за продолжување на натпреварот.       Фото: Ројтерс

Можеби се херои за милиони фанови ширум светот, играјќи ја најважната споредба работа, но овие фудбалери кои носат маски за лице со кои наликуваат на Бетмен не се инспирирани од филмовите базирани на суперхерои. Нивните црни маски имаат специфична намена, а тоа е заштита на лицето од влошување на претходни повреди.

Сè повеќе фудбалери на терените за време на Светското првенство во Катар истрчаа со црни маски за заштита на лицето. Станува збор за напредна технологија која истовремено овозможува заштита на фудбалерите кои претходно претрпеле удар во главата или лицето, како и удобност за продолжување на натпреварот.

Што велат правилата на ФИФА?

Според најновите правила за безбедност на ФИФА на играчите им е дозволено да носат „неопасна заштитна опрема, на пример, опрема за глава, маски за лице и штитници за колена и раце од мек, лесен обложен материјали“.

Овие маски се изработени од лесен поликарбонат, не тежат и не го ограничуваат движењето на фудбалерот. Најчесто се изработуваат специјално за конкретен фудбалер за да одговара на физиономијата на неговото лице.

Затоа не станува збор за моден избор или некаков тренд, туку неопходна заштита кои ја демонстрираат Сон од Јужна Кореја, Гвардиол од Хрватска и Шкири од Тунис.

Дали маската е рецепт за успех?

За Сон, оваа заштитна маска била многу полесна за носење од очекувањата, и бил изненаден колку може слободно да се движи на теренот.

Иранскиот голман Бејранванд во натпреварот против Англија имаше застрашувачки судир со неговиот соиграч Хосеини, па играта беше во прекин речиси 20 минути додека интервенираше медицинската екипа, за тој конечно да биде повлечен од игра.

Засега овие селекции бележат позитивни резултати и натаму се во игра за пласман во понатамошната фаза, но не сите професионални спортисти имаа лесна задача да играат повредени зад црната маска.

Таков беше случајот со НБА кошаркарот Жоел Ембид. Играчот на Филаделфија имаше скршеници на лицето, и се обиде да му помогне на тимот во плејофот, но едноставно маската повеќе му сметаше во играта, отколку што му обезбеди сигурност во дуелите со противничките играчи. Така еден од најталентираните играчи во последните години не успеа да се пласира во големото финале.

Инаку популарноста на црните маски пред една деценија ја наметна Коби Брајант, починатиот екс играч на Лос Анџелес Лејкерс по што спортскиот свет водеше интензивни дебати дали оваа заштитна дополнителна опрема треба да биде дозволена во спортските пресметки.

Засега дебата се води дали маската треба да биде црна или проѕирна. НБА кошаркарот Леброн Џејмс носеше најпрво црна, а потоа проѕирна маска тврдејќи дека така полесно противничките играчи може да видат каде се наоѓаат ранливите делови од главата како очите и ушите.

Во натпреварите кои ги организира ФИФА според правилникот се препорачува маската да биде во црна боја.

TRT Balkan / агенции
Популарни