Еквадор го победи Катар на отворањето на СП / Photo: AA

Домаќинот Катар со пораз го започна дебитантскиот настап на Светското фудбалско првенство. На отворањето на првенството, во првото коло од групата „А”, на стадионот „Ал Бајт“ во градот Ал Хор пред преполни трибини, Катар беше поразен од Еквадор со 2:0.
Еквадор поведе по 16 минути игра. Голот го постигна Енера Валенсија. Врз него беше направен пенал. Tој ја презеде одговорноста за изведување на ударот од 11 метри и стрелаше прецизно. Истиот играч постигна гол и во третата минута, но беше поништен поради офсајд.
Истиот играч, Валенсија, во 31 минута со удар со глава зголеми на 2:0 за Еквадор што беше и конечен резултат на овој натпревар.
За разлика од првиот дел, Катар во второто полувреме прикажа поофанзивна игра. Најсериозната шанса домаќините ја имаа во 87 минута, но Мухамед Мунтари шутираше над голот.
Во групата „А” се наоѓаат и Холандија и Сенегал кои утре ќе го одиграат меѓусебниот натпревар.

TRT Balkan
Популарни