Германија за прв пат во својата историја го освои златниот медал на Светското првенство во кошарка кое се одржа во Јапонија, Индонезија и Филипини.
По изедначеното прво полувреме во кое двете репрезентации ведоа наизменично, решавачка беше третата четвртина. Германците тргнаа во серија од 9-0 и поведоа со +11. Србија одговори во последната четвртина и ја намали разликата на само два поени, но не погоди кога најмногу требаше. Имаше и неколку грешки во нападот, па Германија издржа за победа од 83-77 за најголемиот успех во историјата.
Денис Шредер беше нерешлива енигма за Србите, кој постигна 28 поени и беше на висина на задачата во клучните моменти од играта. Голема помош доби од Франк Вагнер со 19 поени. За Србија Алекса Аврамовиќ постигна 21 поен.
Бронзниот медал на Мундобаскетот го освои Канада, која во малото финале ги совлада САД со 127-118 по едно продолжение (34:25, 24:31, 33:26, 20:29/16:7).
До својот прв медал на светските првенства Канада ја предводеше Дилон Брукс со 39 поени, додека кај Американците најефикасен беше Ентони Едвардс со 24 поени.
Канада беше блиску до победа и во регуларниот дел, но американските кошаркари го однесоа натпреварот во продолжение со тројка на две секунди пред звукот на сирената.
Во дополнителните пет минути Канада беше поуспешна со 16-7.
Домаќин на следното Светски првенство, 20 по ред, ќе биде Катар во 2027 година.