Јуриќ (49) потпиша договор до крајот на тековната сезона / Фото: AFP

Италијанскиот калчолигаш Рома потпиша договор со хрватскиот стратег Иван Јуриќ кој ќе го преземе клубот откако популарната „римска волчица“ се раздели со досегашниот тренер Даниеле Де Роси.

Јуриќ (49) потпиша договор до крајот на тековната сезона.

За хрватскиот стручњак ова е најпрестижен клуб кој ќе го води во неговата тренерска кариера. Тој претходно ги водеше Мантова, Кротоне, Џенова, Верона и неодамна Торино, од 2021 до 2024 година.

Во Рома, Јуриќ ја наследи клупската легенда Даниеле Де Роси, кој доби отказ откако освои само три бода во првите четири кола во Серија А.

AA
Популарни