Централната банка на Катар испечати банкноти и монети посветени на Светското фудбалско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се игра во оваа заливска земја.
На церемонијата на претстаувањето на банкнотите присуствуваа претседателот на Централната банка, Бендер бин Мухамед Ал Тани и челникот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино.
Станува збор за банкнота од 22 катарски ријали и кованици. Ал Тани рече дека СП во Катар е еден од поважните историски настани и дека заслужува да му се посветат и посебни банкноти.
Дизајнот на банкнотите и монетите ја одразува културата на Катар и ги содржи логоата на ФИФА и Светското првенство. На банкнотите се и илустрациите на стадионите Лусаил и Ал Бајт.
Ал Тани рече дека Катар е горд што е прва арапска земја која е домаќин на првенството на најдобрите фудбалски нации во светот.