Кејн ги загуби сите шест финалиња досега во кариерата / Photo: Reuters

Напаѓачот Хари Кејн како дел од репрезентацијата на Англија загуби од Шпанија (1:2) во неделното финале на ЕВРО2024 година што за него беше шести пораз во исто толку финалиња во кариерата.

Триесетгодишниот Кејн загуби во финалињата во Лига купот (2015, 2021), финалето во Лигата на шампионите (2019), како и двата натпревари за европската титула (2021, 2024) и Суперкупот на Германија (2023).

Кејн на ЕВРО2024 одигра седум натпревари и постигна три голови.

TRT Balkan / агенции
Популарни