Една година откако клубовите од саудиската фудбалска лига потрошија околу една милијарда долари на трансфери - невидена сума за земја која тешко може да се смета за фудбалска велесила - пазарот значително се залади, пишува магазинот Форбс во својата анализа во која е објавена традиционалната ранг листа на најплатените фудбалери за годината.
Понатаму, магазинот наведува дека годинава, според податоците на Transfermarkt, Саудијците потрошиле „само“ 524 милиони долари на фудбалски аквизиции. Фудбалерите што ги купија - меѓу кои најмногу се истакнуваат Муса Дијаби, Иван Тони и Маркос Леонардо - не се баш ѕвезди од светска класа.
За суперѕвездите кои дојдоа на Блискиот Исток минатата година, платата допрва доаѓа. Четворица играчи од саудиската фудбалска лига сега се наоѓаат на топ 10 листата со највисоки плати, што ги зема предвид и нивните плати за играње и заработката од спонзорства и други деловни потфати.
Само тројца играчи доаѓаат од англиската Премиер лига, додека шпанската Ла Лига има двајца фудбалери меѓу најплатените. Лионел Меси е единствениот претставник на американската фудбалска лига на листата.
Проекциите покажуваат дека десетте најплатени луѓе во светот годинава ќе заработат вкупно 983 милијарди долари, што е рекордна сума, но сепак за само 2 отсто поголема од лани.
Португалецот Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот и заработува двојно повеќе од својот вечен ривал Лионел Меси.
Роналдо во оваа 2024 година ќе заработи неверојатни 285 милиони долари, објавува финансискиот магазин „Форбс“ (Forbes) во својата традиционална топ-листа. Од договорот со Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, Роналдо ќе инкасира 220 милиони, додека преостанатите 65 милиони се од спонзорските договори. Интересно е тоа што Роналдо е на врвот на најплатени фудбалери по шести пат во последната деценија.
Ова е листата на 10 најплатени фудбалери во светот за 2024 година: